ХАРМОНИЈА

Сите ликовни принципи регулираат некои односи во ликовната творба.

Хармонијата е еден од принципите кој ги доведува елементите во меѓусебна хармонија по пат на блиски или слични вредности или со содржината на мотивот.

Разликуваме хармонија по аналогија,хармонија на функција и хармонија по идеја.

Хармонија по аналогија е комбинирање на блиски вредности од ликовниот елемент:линија,боја,тон,големина,форма,насока и текстура.

Хармонијата по идеја е,исто така,поврзана со содржината на мотивот,но е поврзана со идеја или симбол.

Хармонија по функција е кога мотивот како содржина обединува повеќе предмети кои се поврзани со меѓусебна функција.На пример: бои,четка и палета,чаша и шише пијалак,море и чамец,молив и книга итн.