ФОРМА

Формата е ликовен елемент кој е застапен во сите ликовни подрачја,во цртањето,

сликањето,скулптурата графиката и дизајнот.Формата може да биде:отворена,затворена и перфорирана,едноставна и сложена,како и дводимензионална или тридимензионална.

Формата влијае на човекот со својот изглед.Некои форми изгледаат смирено или движечки по што ги делиме на

статични и динамични.

-Статични форми се оние форми кои со својот облик сугерираат мирување.

-Динамични форми се оние форми кои по својот облик сугерираат немир и движење.Главно,динамичните форми имаат тркалезни облици.

Формите или волуменот можат да бидат едноставни сложени.Едноставната форма е составена од еден облик.
Кога една форма е составена од повеќе едноставни форми кои меѓусебно се поврзани во една целина велиме дека таа форма е сложениорма е сложени. Такви на пример форми имаме човек,зграда и др.