РИТАМ

Ритамот е ликовен принцип кој ги регулира ликовните елементи.

Секој ликовне елемент може да се применува во регуларен или во алтернативен ритам.

Регуларниот ритам е едноставен затоа што се повторуваат едни исти елементи кои при повторувањето не се менуваат.

При употреба на алтернативниот ритам се добива живост и динамичност во ликовната творба,додека со регуларниот ритам творбата изгледа монотоно и здодевно.Во ликовните дела почесто се применува слободниот ритам.Уметникот во своето дело го прикажува ритамот слободно и тој е повеќе пхихолошки и емоционален,отколку рамномерно логицки подреден.

Ритам претставува правилното и рамномерно повторување на еден или повеќе елементи во одреден простор. Повторувањето може да се движи во низа, круг или на цела површина. Ритамот може да се постигне со повторување на одреден, константен или променлив ликовен елемент (линија, големина, текстура, форма, волумен, боја, тон) со одредено променливо или исто растојание.