РАМНОТЕЖА

Рамнотежата е ликовен принцип со кој се регулира распоредот на елементите во една целина.

Рамнотежата може да се примени во сите ликовни елементи.Разликуваме симетрична и асиметрична рамнотежа.

Симетричната рамнотежа често се применува во декоративните ликовни творби,во народните ракотворби и носии и во архитектурата.

Асиметричната рамнотежа се гради со иста цел,распоредот од левата и десната страна да биде рамномерен по вредноста на линијата,тонот,бојата,текстурата,големината и формата,но да биде различна од двете страни.На симетричен начин градиме рамнотежа и со боја,со текстура,со линија,со форма,на тој начин што бараме визуелна рамнотежа на десната и левата половина на творбата.