ПРОПОРЦИИ

Пропорцијата е ликовен принцип кој ги регулира внатрешните односи на големината со задача целината на уметничкото дело да биде естетски поубава.

Пропорцијата се стреми кон идеално градење слики,скулптури и објекти во архитектурата.Со тој проблем низ историјата се занимавале уметници меѓу кои и Леонардо Да Винчи.

Најдобро правило за идеални односи на големините во ликовната уметност и во архитектурата е постигнато со златното сечење и неговиот клуч или формула како тоа да се постигне.Пропорцијата е дел од ликовните принципи со кои се регулираат внатрешните меѓусебни односи на големините во едно ликовно или архитектонско дело.Уметниците секогаш се стремеле кон убавото,кон идеалното во прикажувањето на убавината на човекот,на објектите,на сликата.Човекот успеал да најде пропорции кои според повеќето луѓе се најубави.Тие односи на пропорцијата мноху сликари,скулптури и архитектите ги применуваат при изработката на своите дела.