НАСОКА

Насоката е ликовен елемент како дел од ликовниот јазик и тоа е визуелна сила која го движи окото во одредени правци.Според правецот на таа визуелна сила,разликуваме:

-Хоризонтална насока

-Вертикална насока

-Коса насока

-Ликовни дела без насока

Ликовните уметници ги компонираат своите дела со разновидни насоки.Некаде имаме и комбинација на повеќе насоки,но со поизразена сила на една насока.Во цртањето,сликањето и во графиката уметникот може да ги прикаже сите насоки.Во скулптурата и во архитектурата можат да се претстават сите насоки освен косата насока затоа што со неа се губи статиката на објектот кој е направен во просторот.