КОНТРАСТ

Контрастот е ликовен принцип кој се применува во сите ликовни елементи:со линија,боја,тон,

текстура,насока,големина,форма,простор.

Линиите во една творба можат да бидат во контраст ако употребиме дебели и тенки,куси и долги,прави и криви

линии.

Бојата може на повеќе начини да биде контрастна,како светло-темна,ладна-топла, или комплементарна.

Тонот може да се применува како темен и светол со поголеми меѓусебни разлики.

Контрастот на ликовните дела се препознава и кај големината ако се употребуваат големи и мали форми.

Во ликовните дела многу често преовладува само една насока,но во некои дела се употребува контраст на насока.Тоа е кога две противставени насоки се со иста јачина и интензитет и дејствуваат истовремено.Топлите и ладните,светлите и темните бои се контрастни по своите особини и често се применуваат за да се потенцира нивната спротивност.

Контрастот, како поим, означува спротивност на вредностите во еден елемент, односно меѓусебно противставување на различни вредности во една ликовна творба. Контрастот во една творба може да дејствува драматично, грубо, остро, силно, слабо или суптилно, во зависност од неговиот интензитет. Може да биде контраст на вредностите на еден ликовен елемент или комбинација на контрасти од повеќе елементи. Се применува на сите ликовни елементи: · линија
онтрас на тон .