КОМПОЗИЦИЈА


Во ликовната уметност композијата означува комбинирање на ликовните елементи и принципи во градењето на едно ликовно дело. Правилнате композиција може да направи многу во градењето на едно ликовно дело кое не треба да претставува само слика туку, дело на уметноста. Во градењето на едно уметничко дело уметникот прави повејќе скици кои му помагаат на соодветен начин да ја прикаже сопствената идеја. Постојат голем број на можности за композиција.

Една од поделбите на видовите композиција е на: отворена, полуотворена и затворена композиција.


Отворена композиција имаме кога елементите во ликовното дело се распоредени на целата површина на делото и визуелно изгледаат како да продолжуваат надвор од границите на делото ( платното, листот).

Полуотворена композиција имаме кога ликовните елементи се така распоредени во ликовното дело така што визуелно изгледаат како да се отворени на некои страни, а на други се ограничени т.е. не продолжуваат.

Затворена композија е кога во делото ликовните елементи се поставени во центарот на делото и истите не се шират надвор од границите на делото.

Постојат и други поделби на композициите во ликовните дела и тоа: дијагонална, кружна, вертикална, хоризонтална, пирамидална и др. композиции.