ЕДИНСТВО

Единството е принцип кој има за цел да ја регулира целината во ликовното дело.

Со примена на единството,ликовното дело не е разделено или расцепкано,туку прилега на естетска целина.

Единство се постигнува со употреба на еднакви или слични вредности и по пат на доминанта.

По пат на доминанта значи кога некој ликовен елемент доминира на ликовната творба,односно е најприсутен.

Тоа може да биде линија,боја,тон,текстура,форма,големина,насока или простор.

Освен со доминанта на ликовните елементи,единство може да се добие и со зголемување и со

потсилување.Тоа значи кога на ликовното дело од многуте форми,тонови,или бои една е толку зголемена што

доминира во целата творба.