ГРАДАЦИЈА

Градацијата ја регулира постепената промена кај ликовните елементи.

Постепено својата ликовна вредност можат да ја променат сите ликовни елементи,да преминат од една вредност во друга.Градацијата може да се примени во елементот линија,боја,тон,текстура,насока,форма,големина и простор.Со градација на тонот,бојата и текстурата може

да се добие илузија на тридимензионалност.Бојата со градација може да се промени од една во друга,во трета,од жолта во портокалова,црвена,виолетова,сина,зелена и пак да дојде до жолта како во спектарот на боите.Со градацијата се означува можноста на секој елемент да премине од една состојба во друга,линијата постепено да се смени од права во крива,тонот да премине од светол кон темен или обратно,бојата една во друга,формата од квадрат во круг,триаголник итн.