АНИМАЦИЈА



Анимацијата претставува брзо прикажување на секвенци од слики во 2Д или 3Д или таква поставенотс на моедолoто со цел создавање на илузија на движење. Може да биде направена или покажана на различни начини. Најчест начин на креирање на анимација е преку слики во движење или видео програма и др.

Анимацијата денес е присутна насекаде на телевизија, кино, мобилни телефони, интернет итн. Многу е популарна затоа што како што технологијата се шири така и анимацијата е се по присутна.

Традиционална анимација

Традиционалната анимација уште наречена рачно цртана анимација бил процес на создавање на анимирани филмови во 20 век. Анимацијата се состоела од слики направени со фотоапарат ( фотографии) или цртежи кои што на почетокот биле цртани на хартија. За да се добие илузија на движесе секоја слика ( цртеж) да биде малку поразлична од претходната.

Денес анимацијата се создава со помош на компјутер. Постојат повејќе компјутерски програми кои го овозможуваат да се симулираат движења и други ефекти на анимациите. Крајниот анимиран продукт се поставува на различен вид на медиум вклучувајќи го и традиционалната 35 mm филмска лента како и на новите медиуми како дигиталното видео.

Stop motion

Stop-motion анимацијата е вид на анимација која се креира со физичка манипулација на реални објекти и со нивно фотографирање на еден по еден со цел добивање на илизија на движење на дадените предмети. Постојат повејќе видови на Stop motion анимација најчесто наименувани според видот на медиум користет за нивно креирање. Постојат компјутерски програми кои помагаат во тој процес.






Марионети анимација е Stop-motion анимацијата во која се вклучени фигури на марионети интегрирани помеѓу себе во претходно креирана околина. Марионетите имаа арматура во себе со која се овозможува нивно правилно држење како и можност за нивно движење во одредени зглобови.

Глинена анимација или анимација од пластелин користи фигури направени од пластелин, глина или слични на нив материјали со цел креирање на Stop-motion анимација. Фигурите може да имаат соодветна арматура или рамка направена од жица поставена во внатрешноста на фигурите и слично на марионетите, фигурите можат да бидат манипулирани со цел поставување во потребната положба. Истот така фигурите можат да бидат направени само од глина каде што исите може да се преобразуваат од една во друга форма.

Силуетна анимација е вид на stop-motion анимација креирана со движење на дводимензионални делови од различни материјали како: хартија, облека и сл. Во овој вид на анимација најчесто силуетите се добиваат со задно осветлување на дводимензионалните фигури.

Модел анимација е вид на stop-motion анимација во која што фигурите кои се предмет на анимација кореспондираат или се поставени во реални ситуации со живи актери. Пример за таков вид на анимации се анимациите на Ray Harryhausen во филмот //Jason and the// //Argonauts// (1961).

Графичка анимација е направена од фотографии, исечоци од весници, списанија итн.) кои се понекогаш манипулирани кадар по кадар со цел да се направи илузија на движење.

Компјутерска анимација

Овој вид на анимација вклучува различни техники за кои заедничко е тоа што анимацијата е направена дигитално на компјутер.

Во овој вид на анимација спаѓаат 2Д анимацијата и 3Д анимацијата.

2Д анимираните фигури се направени на компјутер со користење на 2Д векторски графики или 2Д битмап графики.

3Д анимациите се дигитално моделирани и манипулирани од страна на автор аниматор. Со цел да се манипулира со овој вид на фигури на истите им е дадена дигитална структура на скелет со чија помош се контролираат движењата. Различни техники можат да бидат применети како на пример математички функции, симулации на кожа и коса, ефекти како оган и вода. Многу од 3Д анимациите се многу реалистични и често пати се користени како визуелни ефекти во денешните филмови.